Aсимптоматските луѓе на Ковид 19, не значи дека се и здрави. Организмот може трајно да се оштети!

Луѓето кои немаат симптоми на Ковид-19 не значи дека се здрави, вели италијанскиот имунолог Роберто Бурони, во написот за медицинското списание „Медицински факти“.

Тој нè потсетува дека тоа е слично како и со други болести; на пример, луѓето кои заболуваат од рак, дијабетес, глауком, СИДА и други, често, особено во почетната фаза, немаат симптоми на болеста, што секако не значи дека некој е здрав, пренесува Танјуг.

– Веќе е докажано дека таканаречените асимптоматски луѓе трпат последици од инфекција со коронавирус, нивниот организам е нападнат и може трајно да се оштети, без лицето дури и да знае за тоа. Исто така, луѓето кои немаат јасни симптоми на Ковид-19 се во можност да заразат други и тоа е еден од проблемите со коронавирусот. Се шири брзо, во случај на асимптоматски личности и незабележливо, и затоа е сè поопасен – тврди д-р Бурони.

Треска, кашлица, главоболка, како и губење на чувството за мирис и вкус не мора да бидат единствените симптоми на инфекција со вирусот. Научната заедница предупредува дека има сè повеќе луѓе кои се позитивни на Ковид-19 и кои немаат други симптоми освен губење на слухот.

Исто така, има сè повеќе пациенти кои се жалат само на болки во грбот, а по извршениот тест за Ковид, се покажале позитивни.

Translate »