Дали пак ќе имаме полициски час од 21 часот до 5 наутро?

Здравствените власти во текот на неделава детално ќе ја анализираат епидемилошката состојба, а во случај актуелните мерки да не ги дадат потребните резултати, не ја исклучуваат можноста за воведување на полициски час.

„Во случај епидемиолошката состојба и понатаму да се влошува, секако дека би морале да постапиме построго. Крајната мерка е полициски час, кој би претставувал ограничување на движењето на граѓаните од 21 до 05 часот наутро. Во моментов, и покрај загрижувачките бројки на новозаразени, и покрај исполнетите болнички капацитети, и покрај големата смртност, а во крајна граница и покрај исцрпениот и дефицитарен медицински кадар, сè уште има голема раздвиженост во вечерните часови. Освен кафеаните, рестораните, односно сите угостителски објекти, сè друго работи. Луѓето се собираат во обложувалници, работат бурекџилници, сендвичари, вусшност сè работи. Ние, како здравствени власти, секако се надеваме дека нема да бидеме приморани да го воведеме непопуларниот полициски час“, велат извори на „Фактор“ од Комисијата за заразни болести.

Translate »