Охриѓани вознемирени: На социјалните мрежи кружат списоци со имиња на заболени од коронавирус

Списоци со имиња и презимиња на заболени граѓани од Ковид-19 во Охрид постојано кружат низ социјалните мрежи последниве месец дена.

Јавното обелоденување на пациенти носители на вирусот се повеќе ги вознемирува охриѓани.

Од Центарот за Јавно здравје велат дека списоците со сигурност не се излезени од нивната установа, но повикуваат полицијата да истражи кој пушта вакви информации во јавноста кои создаваат дискриминација на одредена група на луѓе, во слуачјот на болните од ковид и нивните семејства.

„Тој што треба да биде стигматизиран и ставен на столбот на срамот е тој што не ги применува мерките за заштита“, порачуваат од охридската болница и од Центарот за јавно здравје.

Оттаму апелираат тој што го прави тоа да престане, бидејќи не си помага ниту себеси ниту на другите.

Translate »