Владимир Путин: Помина времето кога Русија и САД одлучуваа за сè, овие две земји се нови суперсили
Пред изборите во САД на 3-ти ноември, Путин рекол дека се надева дека новата американска администрација ќе биде подготвена за дијалог за безбедноста и контролата на нуклеарното вооружување.
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјавил дека времето кога Русија и САД одлучувале за сè е минато и изразил подготвеност за глобалните проблеми да разговара и со други земји, ако се укаже таква потреба.
Путин истакнал дека Кина и Германија одат кон статусот супер-сила во смисла на своето политичко и економско влијание.
Пред изборите во САД на 3-ти ноември, Путин рекол дека се надева дека новата американска администрација ќе биде подготвена за дијалог за безбедноста и контролата на нуклеарното вооружување.