Предупредување – Петардите се опасни и за луѓето и за животните!

Фрлањето петарди стана синоним за празниците. Но дали знаете дека со секое фрлање ризикувате да се стекнете со повреди на рацете, лицето и очите. Ако сакате да завршите на ургентен и да се влечкате по болнички ходници, само повелете. Да потсетиме дека  користењето и купувањето пиротехнички материјали е казниво со закон.

Од МВР посочуваат:

Законот за прекршоци против јавниот ред и мир на лице кои неовластено пука од огнено оружје, употребува пиротехнички средства или сличен експлозивен или лесно запалив материјал, или на сличен начин го нарушува мирот и безбедноста на граѓаните ќе му биде изречена глоба во износ од 200 до 500 евра во денарска противвредност.

Факт е дека фрлањето петарди може да биде опасно за вас,  но дали знаете дека е опасно и за животните.  Еве еден интересен податок, 5 000 домашни миленичиња умираат од срцев удар, предизвикан од силниот звук на петардите.  Кога фрлате петарда, само помислете колку куќиња и мачиња во страв се кријат под креветот, чекајќи да заврши гласната тортура.

Силниот звук воопто не е пријатен и за оние кои се слаби со нервите и имаат болно срце. Повозрасните граѓани тоа најдобро го знаат. Затоа полека со пиротехниката, з а ваше, но и за општо добро.

 

Translate »