“Вонбрачниот син” на Бил Клинтон го обвинува екс-претседателот за лицемерие
“Жал му е за децата на имигрантите кои се разделени од своите родители, а самиот го остави својот син,” напиша на твитер 32 годишниот Дени Вилијамс ,кој тврди дека е вонбрачен син на Бил Клинтон.
Вилијамс го обвини поранешниот престедател на САД за лицемерие поради ставот за имигрантската криза. Клинтон и неговата сопруга Хилари побараа да не се одделуваат децата од родителите на границата со Мексико.
“Како може да покажува сочувство за децата на имигрантите и да бара тие да не се користат како средство за преговарање, а тој самиот ме жртвуваше мене , неговиот син, за сопствените политички амбиции” напиша Вилијамс на Твитер.
Тој тврди дека е чедо на љубовната врска меѓу тогашниот гувернер Бил Клинтон и проституката Боби Ан. Тие се сретнале во 1984 , во Литл Рок, Арканзас.
Вилијамс и самиот е татко на пет деца. Вели дека не бара ништо од својот билошкки татко, освен да не го заборави. “Иако ме остави и ја признаваш само Челси за свое дете, благодарен сум што си ми го подарил животот”, пишува самопрогласениот син на бившиот претседател.