“Ако гледаме објективно,  името Северна Македонија  крие опасности од  извесни претензии”, ова за  БТВ го изјави Даниел Вачков”, директор на Институтот за историски  истражувања при Бугарската академија на науките.

“Извесно е дека  Пиринска Македонија географски се вклучува во идејата за  Северна Македонија.  Се разбира дека Македонија никогаш не била поделена – на Северна и Јужна, на Вардарска, Пиринска и Егејска”, вели  доц. Вачков за бугарската телевизија.

Историчарот Вачков е еден од  членовите на  бугарско-македонската комисија којашто , согласно Договорот за пријателство меѓу Македонија и Бугарија,  треба  да работи на усогласување на заедничката историја  и образовните програми.

Според него, името и не е толку опасно колку што се некои други аспекти.

„Од многу одамна во нивните (македонски)  учебници е застапена една абсурдна теза, апсолутна неточна, со која растат поколенија. Во нив пишува дека Македонија била поделена  меѓу балканските држави после балканските војни и дека  Македонците во Пиринска Македонија биле  потчинети  и врз нив била извршена  денационализација. Децата учат дека нивните браќа во Пиринска Македонија се репресирани од бугарската држава”, појаснува Вачков.

„Најважно  е што  мислат тамошните луѓе,  а договорот за името и не е толку битен”, категоричен е историчарот.

„Таквите нешта треба да  бидат извадени од учебниците. Прво, затоа што се  историски неточни , противречностите се очигледни. Кога велат дека Пиринска Македонија е подложена на терор, во исто време признаваат дека по балканските војни,  во Првата светска војна, над 200 000 Македонци од Егејска и Вардарска Македонија  се преселиле во Бугарија. Секој нормален човек ќе  се запраша: Aко биле тероризирани, зошто отишле во Бугарија”, заклучува Вачков.