Бојко Борисов ифрит лут: Лажат, копилиња, не сум купил грчки остров! (Видео)
Бугарскиот премиер Бојко Борисов јавно се обрати до новинарите на “Нова телевизија” со молба да не му го валкаат името. Тој ги демантираше информациите кои излегоа на оваа телевизија дека купил остров во Грција:
“Пуштајте што сакате , правете што сакате, но да ми го валкате името, не е чесно. Порано или подоцна вистината излегува. Имате прекрасни истражувачки новинари, пуштете ги да отидат да проверат и ако е вистина, ќе си поднесам оставка.Но, немојте да ми правите такви работи .И јас имам семејство и тие гледаат “, рече бугарскиот премиер.
Информациите дека Борисов купил остров излегоа прво во грчките весници, еве како реагираше бугарскиот премиер: