Истражување: Честото одење во природа ја зголемува креативноста за 50%

Честото одење во природа не релаксира, го зголемува нашиот имунолошки систем и креативност. Ни открива нешто ново, предизвикува чуда и го буди детето во нас. Едноставно речено – патувањето во природа е нешто најдобро што можете да направите за себе. Според студијата објавена во американскиот магазин “Личноста и социјалната психологија”, само со четири дена поминати во природа, далеку од електронските уреди, може да се зголеми креативноста за дури 50%.

Од 56 лица (на просечна возраст од 28 години) вклучени во студијата, 24 го направиле тестот првиот ден поминат во природа, додека другите учесници го направиле тестот четвртиот ден од патувањето и на тестовите покажале подобар резултати за 50% повеќе од првата група.

Авторите на студијата се согласуваат дека не се сигурни дали креативноста се зголемува со некористење на техничките уреди за неколку дена, или само поради приссутвото во природа – или поради двете работи. Исто така истражувањето покажало дека кога испитаниците биле изложени на зелена боја, дале подобри резултати, отколку оние кои биле изложени на бела боја.  Исто така во Јапонија биле спроведени повеќе истражувања кои потврдиле дека шетањето во природата го зголемува имунитетот за околу 50%.

 

Translate »