Ја покажа градата, а потоа и средниот прст кон фотографите
Манекенката на црвениот тепих пристигна многу самоуверено,
Станува збор за Хеиди Луштаку која присуствуваше на престижниот Кански филмски фестивал, а на црвениот тепих пристигна во светкав фустан со длабоко деколте.
Имено, во еден момент во текот на разговорот, на Хеиди ѝ “ѕирнала” градата, но тоа не било сè – откако фотографите го снимиле овој непријатен момент, манекенката се свртела кон нив и им покажала среден прст.
Многумина го прогласија нејзиниот потег за “недамски”, со оглед на тоа што фестивалот се смета за еден од најпрестижните и е познат по строгите правила на однесување и облекување.
Инаку, манекенката пристигна на француската ривиера поради промоција на филмот “The Dead Don’t Die” што е воедно нејзин прв чекор кон филмскиот свет. Во филмот глумат и холивудската актерка Тилда Свинтон и пејачката Селена Гомез.