Нивното предвидување секогаш се остварувало: Се огласи Би-Би-Си, еве како ја опиша песната на Тамара
Вечерва во Тел Авив се одржува финалето на Евровизија 2019 каде свое учество во финалето по 7 години пауза обезбеди и Македонија и претставничката Тамара Тодевска.
Пејачката ќе настапи со песната „Proud“ под реден број 8, а настанот почнува во 21 часот.
И додека Македонија прва влезе во финалето, фановите на ова шоу предвидуваат незапаметен успех на нашата земја досега.
Таков успех очигледно според коментарот на официјалнот Твитер акаунт предвидува и светската телевизија Би-Би-Си.
Па така телевизијата на својот Твитер покрај коментарите за сите учесници имаше уникатен за нашата земја и претставничка што многумина охрабрува да се надеваат на незаборавен успех вечерва.
North Macedonia: BIG BALKAN BALLAD! #Eurovision9148:23 PM – May 16, 2019276 people are talking about thisTwitter Ads info and privacy
Македонија: Голема Балканска БАЛАДА!, стои во коментарот на познатиот коментатор на Евровизија Грахам Нортон, по настапот на Тамара во втората полуфинална вечер во четвртокот.
Медиумот со ова алудираше дека Македонија вечерва е на добар пат за успех на Евровизија!