Ердоган: Јас и Путин сме најискусните политичари во Генералното собрание на ООН

 

Таип Реџеп Ердоган во интервју за турската телевизија изјави дека тој и  рускиот претседател Владимир Пуин се најискусните политичари во Генералното собрание на ООН. 

„ Многу јасно ќе кажам дека во моментов во Генералното собрание на ООН има само двајца навистина искусни политичари. Можно е да има и други, но не можам да се сетам на такви. Тоа сме Путин и јас. Затоа што и двајцата како премиери и претседатели сме постигнали доста, но пред нас  има уште много задачи”, истакна во интервјуто турскиот претседател.

Ердоган ја потцрта и одличната соработка меѓу Турција и Русија во однос на сириското прашање. Тој посочи дека “специјалните односи”со Владимир Путин и блиските контакти на надворешен политички план помогнале за напредок во таа сфера и да се организира мировната конференција за Сирија во Сочи, минатата година.

Translate »