Турција на избори: Дали економската криза ќе ги намали шансите на Ердоган?
Во Турција се одржуваат вонредни претседателски и парламентарни избори.
Aктуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган (64) има големи изгледи да победи уште во првиот круг од гласањето. Но, и во случај да изгуби, Ердоган вели дека неговата партија може да формира коалиција со некоја друга партија.
„Доколку имаме помалку од 300 места во парламентот, ќе гледаме да формираме коалиција, меѓутоа веројатноста за тоа е многу мала“, изјави Ердоган.
Според листата на кандидати за предвремените претседателски избори, во трката ќе се најдат шест кандидати: Догу Перинчек, Мерал Аксенар, , Ердоган, Селахтаин Демиртас, Темел Карамолаоглу и Мухарем Инџе од Републиканската народна партија , кој е најголема закана за Ердоган.
Освен политичката ситуација во земјата , турските гласачи ги загрижува и влошената економска состојба во државата: високата инфлација од 12, 5 проценти и падот на лирата за речиси 20 % од почетокот на оваа година.