Бугарите атакуваат и на српскиот јазик

– Тие сакаат да ги уценат Македонците на ист начин на кој Македонците имаа проблем со Грција па и Бугарите сакаа да наплатат. Тоа е на сериозната платформа која ја негуваат, а тука се наоѓаме и ние, вели д-р Савиќ.

На книгата издадена од Бугарската академија на науките реагираат и српските лингвисти зошто во неа се говори за бугарските корени на говорот во краиштата од Дунав до Гевгелија и од Копаоник до Тимок, Пчиња и Охрид, што тие го толкуваат како директна претензија на српскиот јазичен простор.

Пред две недели реагираа и македонските лингвисти, академици и професори на обидот од БАН, македонскиот јазик да го смета како северно македонски бугарски јазик.

Еве како доктор Виктор Савиќ од катедрата за српски јазик на Философскиот факултет во Белград го објаснува потеклото на српскиот јазик:

– Потеклото на српскиот јазик е како на останатите словенски јазици, односно потекнува од прасловенскиот кој постоел одамна и се распаднал во 10, 11 век. Кога дојдоа на Балканот говореа прасловенски јазик, а во времето кога се формирал српскиот јазик Бугарите не беа Словени. Тие подоцна дојдоа на Балканот, припаѓаат на турска група на народи како и некои други номади. ДОлго се формирале, а имале долго и силна држава и царство како и политички идентитет. Ако постои силна и голема државата сите се идентификуваат со неа. Словените, кои чинат апсолутно мнозинство во тогашната држава, се испраќале во Бугарија и во процесот на асимилација се слеале со Бугарите. Нашиот идентитет поинаку се формирал, исклучиво како српски. Бугарите граделе политички идентитет, како што и денес има случаи, на пример сите што живеат во Франција се Французи, објасни Савиќ во интервјуто за ТВ Прва.

На прашањето зошто сето ова сега се појавува д-р Савиќ рече дека „не можеа нас да не избегнат ако сакаат да си останат доследни сами на себе“.

– Тие сакаат да ги уценат Македонците на ист начин на кој Македонците имаа проблем со Грција па и Бугарите сакаа да наплатат. Тоа е на сериозната платформа која ја негуваат, а тука се наоѓаме и ние. Еден дел од српскиот говор што го нарекуваме призренско – тимочки дијалекти, во средниот век се формирале на територијата на денешна Метохија. Со миграции се развлекле на север и североисток, зафатиле и дел од Бугарија, дошле до Софија, а ги има и на северот од Македонија. Бугарите сметаат дека тие дијалекти личат на бугарскиот јазик, а тоа што генезата е врзана за косовско – ресавскиот дијалект, тоа нив не ги интересира, рече Савиќ.

Тој рече дека е важно да се разликува народниот говор и народниот јазик од литературните и стандардните јазици,– Народните јазици се реални јазици, создадени на терен. Кога одите во некое село во западна Србија ќе слушнете вистински народен говор. Од таа перспектива е пораширен отколку што тоа денес изгледа. Таму каде што има штокавски може да зборуваме за српски јазик. На целиот тој простор не е стандарден само српскиот јазик туку и некои други, на теренот на српскиот народен јазик изникнале некаде хрватскиот, некаде бошњачкиот, заклучува тој.

Савиќ додава и дека нешто не е во ред ако за некој јазик се знае точниот датум на неговото настанување.

– Политичарот денеска посакува неговата нација да има свој јазик и ете го прогласуваат неговиот јазик, како на пример црногорскиот. На српскиот не му се знае ниту датумот ниту годината на раѓањето, како ниту на бугарскиот, објасни Савиќ.

Translate »