Почеток на ноември идеален период за садење!
Постојат многу видови на туи, чемпреси, елки и други декоративни зимзелени растенија кои се идеален зелен украс во градината и во текот на зимскиот период. Се садат од средината на ноември до февруари, период кога растенијата мируваат, а додека земјата се уште не е замрзната. Дрвцата со црвени нијанси и листови даваат посебен шарм на дворот. Листопадната грмушка Берберис, црвен јавор или нешто друго од широкиот асортиман во градинарскиот центар ФОЈА.
Уредениот двор е важен фактор кој влијае на индексот на среќа. Тоа е така бидејќи нашата радост е поврзана со сетилото за вид и мирис кои најдиректно влијаат на нашето однесување и енергија. Уредениот двор е мамка за децата подолго време да си играат надвор отколку да седат дома пред компјутер, а возрасните да уживаат заедно со нив. Уредениот двор релаксира, опушта. Во допирот со земјата ја ослободуваме негативната енергија, а со садењето на декоративните садници создаваме посреќна иднина за себе и своето семејство.
Во градинарскиот центар ФОЈА се добродојдени сите оние што сакаат да ги споделат своите идеи за уредување на сопствениот двор или тераса и да добијат корисни совети. Тоа е и идејата на постоењето на градинарскиот центар ФОЈА, да донесе ново искуство, радост, нови пријателства.