Прекрасно музичко остварување на “Винил Бандитс”, песната “Сенка” со видео запис

loading...

Текстот е на вокалистот Александар Бошкоски, а музиката и аранжманот е на бендот кој го сочинуваат Илија Чакароски (гитара), Александар Бошкоски (вокали), Давид Ангелески (бас гитара) и Христијан Јованоски (тапани). На виолончело гостува и Андријана Дукоска, а во видео записот дел од актерската екипа на театарот „Војдан Чернодрински“.

Песната е снимена во студиото на Илија Мирчески, микс и мастеринг е на Александар Шилоски, а видео продукцијата Христијан Конески. Осветлувањето и ефектите се на Саша Нацевски, а озвучувањето на сетот на Јордан Чавлески.

Погледнете го нивниот спот за кој ќе се согласите оти е вистинско рок освежување на македонската музичка сцена:

Текст:

Сенка

Јас сум човек од месо, од збор
Без умор и бол јас убивам ден од глад ко плен,
Во мисли во бес разулавен пес,
Пијам од дожд од жед ко да е мед
Од склети клет, неразумен сплет

Без разум – но смел
Стапки бег растопен снег
Стих во строфа избришан дел..

Во себе да те смирам – ко гнев
Со совест да те гризам – ко грев
Ко сенка јас те кријам, од се, од се, од се

Ми требаш… и гола и боса
Со прстиве в коса, ми требаш
Думам ко слон и јаве и сон
Пијан и смел на листов бел
Стих од строфа избришан цел

Без разум – но смел
Стапки бег растопен снег
Стих во строфа избришан цел..

Во себе да те смирам – ко гнев
Со совест да те гризам – ко грев
Ко сенка јас те кријам, од се, од се, од се

Translate »