9-годишно девојче со аутизам има повисоко IQ од Ајнштајн и веќе учи на два факултета

Адара Перез Санчез од Мексико има 9 години, Аспергеров синдром и коефициент на интелигенција 162. Запишана е на два факултета, а наскоро се надева дека ќе биде примена на Универзитетот во Аризона каде што ќе учи астрономија, но и дека некогаш ќе добие работа во НАСА.

9-godishn-devojche-so-apsergerov-sindrom-ima-iq-od-162-i-vekje-e-zapishana-na-dva-fakulteta01.jpg

Адара Перез Санчез има само 9 години, а нејзиниот коефициент на интелигенција е 162 – поголем од оној на нејзиниот најголем идол, Алберт Ајнштајн.

Кога Адара имала околу 4 години, била дијагностицира со Аспергеров синдром – едно од нарушувањата во аутистичкиот спектар, а училишните денови биле особено тешки за неа. Нејзините соученици ја нарекувале „чудна“ и ја исмејувале, а наставниците не верувале дека ќе постигне многу.

9-godishn-devojche-so-apsergerov-sindrom-ima-i1-od-162-i-vekje-e-zapishana-na-dva-fakulteta-08.jpg

Кога мајка ѝ, Налели Санчез, видела со свои очи како соучениците ја третираат Адара, сфатила со какви проблеми се соочува нејзината ќерка. Девојчето било толку тажно, што ѝ рекло на мајка си дека повеќе не сака да оди на училиште.

Мајка ѝ знаела дека на Адара ѝ оди математика и дека ја интересира хемија, па решила да го однесе девојчето на психијатар.

Таму Адара ја добила дијагнозата, а психијатарот предложил да направат и тест за интелигенција, со што го утврдиле нејзиниот голем коефициент.

На родителите на Адара им кажале дека нивното девојче е способно да учи според посебна, понапредна програма, а благодарение на нејзиниот капацитет, таа завршила средно училиште на само осум години.

Потоа, во 2019-та, Адара се запишала на два онлајн факултета истовремено, изучувајќи индустриско инженерство и математика.

9-godishn-devojche-so-apsergerov-sindrom-ima-i1-od-162-i-vekje-e-zapishana-na-dva-fakulteta-06.jpg

Желбата на ова младо девојче е да стане астрофизичар и, како што вели самата, да се обиде да направи позитивна промена во светот. За нејзината приказна дознале и од НАСА, па Адара добила покана да го посети вселенскиот центар во Тексас, а ѝ понудиле и да изучува астрономија на Универзитетот во Аризона.

9-godishn-devojche-so-apsergerov-sindrom-ima-i1-od-162-i-vekje-e-zapishana-na-dva-fakulteta-03.jpg

Адара ги прифатила и двете понуди и сега се обидува да го совлада англискиот пред да почне со следниот голем предизвик. Според нејзината мајка, Адара ќе го полага примениот испит за околу една година.

9-godishn-devojche-so-apsergerov-sindrom-ima-i1-od-162-i-vekje-e-zapishana-na-dva-fakulteta-02.jpg

Лани Адара одржала предавање за црни дупки на еден од универзитетите во Тихуана, а присутните останале без зборови од нејзиното знаење:

„Се изненадив што таа е толку мало девојче, а знае повеќе од кој било возрасен, и учи два факултета“, изјавила студентка која присуствувала на предавањето.

9-godishn-devojche-so-apsergerov-sindrom-ima-i1-od-162-i-vekje-e-zapishana-na-dva-fakulteta-05.jpg

Црпејќи инспирација од нејзината ситуација, минатата година Адара почнала да работи на уред што ќе им помогне на децата со аутизам:

„Правам нараквица што ги ’мери‘ емоциите на децата со аутизам, па родителите ќе можат да откријат како навистина се чувствува нивното дете“, вели таа.

Во 2019-та, ова неверојатно девојче се најде и на листата на Forbes за 100-те најмоќни жени во Мексико.

9-godishn-devojche-so-apsergerov-sindrom-ima-i1-od-162-i-vekje-e-zapishana-na-dva-fakulteta-07.jpg

Младото девојче има напишано и книга, исто инспирирана од нејзиното искуство, со наслов Do Not Give Up (Не се откажувај) и се надева дека после студиите ќе има можност да работи во НАСА, па дури и да биде дел од мисија до Марс.

За сите кои се соочиле со многу тешкотии во животот, Адара има само еден совет:

„Не се откажувајте. И, ако не ви се допаѓа каде се наоѓате сега, почнете да планирате каде сакате да бидете“.

9-godishn-devojche-so-apsergerov-sindrom-ima-i1-od-162-i-vekje-e-zapishana-na-dva-fakulteta-04.jpg
Translate »