Битолчанец доби кривична пријава поради сомнение за производство на детска порнографија

Маж  на возраст од 49 години  од Битола доби кривична пријава поради сомнение за производство и дистрибуција на детска порнографија.

Како што информираше полицијата, на 14 февруари по наредба од судија за претходна постапка бил извршен претрес во домот на пријавениот при што бил пронајден и одземен компакт диск со детска порнографија.

Translate »