УЈП ја објави листата на должници
Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.05/2019 за долгови доспеани до 31.01.2019 и неплатени до 31.04.2019 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
На Листата на должници бр.5/2019 објавени се 1.934 должници – правни лица (повеќе за 75 од претходната листа) и 2.409 физички лица (повеќе за 183 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.5/2019 изнесува 8.700.077.184 денари, помалку за 817.171.580 денари од претходната листа.
Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 8.569.230.137 денари (помалку за 807.747.529 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 130.847.047 денари (пoмалку за 9.424.051 денари од претходната листа).
Листата на должници можете да ја погледнете тука.