Ритуалот на Тамара пред настап
Тамара е голема евровизиска ѕвезда во Тел Авив со оглед интересот кој го предизвикува кај новинарите. Дневно има по десетици покани за интервју, па не е во можност да ги прифати сите –раскажува за Точка Коста Петров, кој е првпат дел од евровизискиот тим. Позади целиот производ кој ќе се претставува „Proud” стои тим кои оправдано е со очекување за влез во финале. А вечерва е првата полуфинална вечер кога треба да ги стискате палците за нашата претставничка!
Колку имаат вложено во подготовка на салата каде ќе се одржува Евровизија? – Салата е навистина импозантна. Евровизија ќе се одржи во Експо центарот во Тел Авив. Можеби публиката ќе биде помала оваа година бидејќи има простор само за 6000 гледачи но сцената изгледа навистина одлично.
Како се однесуваат кон гостите на Евровизија, задоволни ли сте од организацијата?
– Организацијата е на професионално ниво. Секоја делегација има два водачи и тие се грижат секогаш се да оди во најдобар ред. Израелците се покажаа како вистински домаќини.
Со кој од претставниците најмногу се дружите?
– Во хотелот каде што престојуваме се и делегациите на Малта, Холандија, Албанија и Исланд и најчесто сме со нив.
Ќе има ли ефекти на сцена?
– Ќе погледнете на 16-ти.
Кои ТВ се најмногу заитересирани за инетрвју со Тамара?
– Тамара е навистина голема евровизиски ѕвезда. Секојдневно имаме дестици покани за интервјуа и за жал не сме во можност сите да ги прифатиме поради пробите.
Има ли ритуали Тамара пред настап?
– Тамара неколку минути пред настап оди во таканаречена тивка соба каде што се опушта и вокално се спрема за настапот.
Кои се очекувањата на тимот?
– Најпрвин да влеземе во финале па, после се друго.
Има ли време за прошетка во Тел Авив, каков впечаток ти остави градот?
– Времето најчесто го поминуваме во проби и подготовки со нашиот тим. Максимално сме посветени на нашиот настап на 16-ти и во моментов тоа е нашиот главен фокус.