Трите премини кон Грција денеска затворени за сите возила

Граничниот премин  Меџитлија е затворен од ноќеска на полноќ,  „Стар Дојран“ од 5 часот, а  „Богородица“ е затворен од 7 часот утрово.Сообраќајот на трите гранични премини кон Грција  е во 24-часовен прекин поради штрајк на грчките цариници.

Како што соопшти МВР, грчките гранични полициски служби известиле дека поради најавениот штрајк на грчките царински работници во текот на утрешниот ден сообраќајот на граничните премини со оваа соседна земја ќе биде во застој.

На грчкиот дел од премините ќе биде во прекин целокупниот сообраќај за патнички и товарни возила, како и автобуси, а ќе бидат пропуштени патнички возила само во одредени исклучителни, односно итни случаи.

Translate »