Борисов за јазикот и Македонија: Што да им кажеме, дека сме Македонци?
Што да им кажеме на крајот, дека сме Македонци? Ние ги сакаме, ги почитуваме и би им дал најбратски совет – да не си поставуваат невозможни услови, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов на прес конференцијата синоќа по Самитот ЕУ – Западен Балкан.
Овој одговор Борисов го дал на прашањето на новинар кое гласело: По последните изјави од Северна Македонија, дали Бугарија не треба да удри на маса и врз основа на што продолжуваме да ги поддржуваме кога велат – ако треба да се откажеме од јазикот подобро да не влегуваме во ЕУ?
Борисов рече дека тоа е право на Македонија кое не сака да го коментира, но дека инсистира на спроведување на Договорот за добрососедство кој е услов. Вели дека ако некој отстапи од тој документ, при секое поглавје Бугарија може да блокира.