РАСКАЛАШЕНИТЕ ЗАБАВИ ЈА НАЛУТИЈА АМЕРИКА: ПЛАЖИТЕ ВО МАЈАМИ СЕ ЗАТВОРЕНИ, НО ЗАТОА ВЕСЕЛОТО ДРУШТВО СЕ ОПУШТИ НА ЈАХТИТЕ (ФОТО)
Најновите фотографии од раскалашени забави во Мајами покажуваат дека сите заборавиле на социјалното дистанцирање и живеење во изолација. На фотографиите е прикажано еден куп млади и секси девојки и момчиња за време на забавите на јахтите во познатото одморалиште Мајами Бич на Флорида.
Како што може да се види на фотографиите, никој не ја почитува социјалната дистанца и другите упатства.
Така, девојките облечени во костуми за капење се гушкаа, танцуваа и се забавуваа, без да почитуваат никаква минимална оддалеченост.
Иако плажите и рестораните во Флорида се затворени бидејќи борбата против коронавирусот што го зафати целиот свет се уште трае, се чини дека оваа екипа не се грижи премногу.
Бројот на починати од коронавирус во САД достигна 76.938, просечно умираат 2.000 луѓе на ден од средината на април и покрај обидите да се забави епидемијата.
Бројот на заразени надминува 1,25 милиони, бидејќи бројот на заразени лица продолжува да расте во многу држави на САД.