Запознајте ја земјата на необичните закони: Во неа забранети се долгите бради, гласното плачење, роденденските прослави и уште многу
Азиската држава Таџикистан која е сместена меѓу Авганистан, Узбекистан, Киргистан и Кина, важи како една од земјите во која забраните не се непознати.
И, додека некаде забраните се поврзани со страв од верски есктремизам, други воведуваат нешто различно.
Кон крајот на 2015 година Таџикистан ја забранил прославата на Нова година во училиштата и на Универзитетите.
Приватно, во таџикистанските семејства и натаму е дозволено да се слави, иако постојат ограничувања за приватните прослави, па треба да се слави тивко и скромно.
Пред неколку години полицијата агресивно протерала собрани млади кои славеле хиндуистички пролетен фестивал Кол во Душанбе, со образложение дека такво нешто не е во состав со муслиманските обичаи.
Но, кога Бог ќе ги затвори вратите, се отвора прозорецот, па Таџикистанците имаат други прослави. Денот на претседателот се одбележува на 16 ноември, Денот на знамето на 24 ноември, Денот на националниот јазик е резервиран за 5 септември.
Многу малку од луѓето во Таџикистан го слават Холи, но по полициското притворање нема забава ниту за Ноќта на вештерките.
Опасна торта
Оние кои се доволно храбри да прослават роденден во таџикистанските кафулиња или ресторани, слободно можат да одвојат пари и за казна. Пред неколку години Амирбек Исајев ја научил лекцијата за забрана на прослава на потежок начин, по што морал да плати казна која била навистина скапа.
Клучен доказ за тоа била фотографија на Фејсбук која прикажува славеник и торта. Којзнае, можеби доколу би славел со јагнешко месо би се извлекол. Тој бил прогласен за виновен без оглед на тоа што келнерот кажал на суд дека никој не му честитал роденден и дека тоа не било роденденска забава.
Поради тоа што не смее да се слави роденден и поголем дел од свадбите се забранети.
Гласното плачење и останатите детали кои се поврзани со таџикистанските обичаи покажуваат дека тагите исто така се неодамна укинати.
Без покажување на нозете
Освен чувствата, во Таџикистан и покажувањето на телото е ограничено. Кратките здолништа одамна се забранети во училиштата, а истите не се прифатени добро и на улиците. Владата осудува и облекувања кои не се во состав со традицијата и носење национална облека.
Тоа значи дека и хиџабот се избегнува, особено во државните и образовни институции. Мажите исто така не смеат да носат кратки панталони, но ниту долги бради.
Како се вика детето?
Од 2016 година наваму граѓаните мора да ги нарекуваат своите деца со имиња од службен, државен регистар во кој нема да најдете популарни арапски имиња.
Баш како и децата, и рестораните мора да имаат примерни имиња. Оние кои сакаат да отворат италијански ресторан, во Душанбе не можат да го наречат Bella Italia или нешто слично затоа што законот за државен јазик налага рестораните да мора да имаат таџикистански имиња.