Предложените судии од Претседателот на дневен ред на собраниската седница
Претседателот Ѓорге Иванов пред еден месец предложи двајца кандидати за сидии во Уставниот суд, Дарко Костадиновски и Осман Кадриу за судии на Уставниот суд на Република Македонија, неговиот предлог е на дневен ред на денешната 27. собраниска седница.
Македонскиот претседател, како што соопшти неговиот Кабинет, смета дека со предлозите на д-р Дарко Костадиновски и д-р Осман Кадриу, Уставниот суд ќе добие судии кои најодговорно ќе ја извршуваат функцијата за време на нивните мандати.
Д-р Дарко Костадиновски
Дарко Костадиновски е доктор на правни науки на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од областа на меѓународното право. Докторирал на тема „Советодавната надлежност на Меѓународниот суд на правдата: правни последици од советодавните мислења на Судот“ и е автор на книгите „Меѓународна Арбитража“ и „Меѓународниот суд на правдата – неопходност од реформи и промени (Советодавните мислења на Судот и нивните импликации)“.
Како предлог за уставен судија, Костадиновски доаѓа од местото државен советник за надворешна политика во кабинетот на Претседателот на Република Македонија. Член е на кабинетот на Претседателот од 2001-та година во тогашниот кабинет на претседателот Борис Трајковски. Од 2006 година продолжува неговиот ангажман, раководејќи со одделението за Европската Унија и НАТО во кабинетот на претседателот Бранко Црвенковски.
Тој во 1998 година работел на проект на УСАИД за подготовка на закони во Собранието на Република Македонија и бил набљудувач во рамки на проектот на Советот за радиодифузија за мониторинг и анализа на електронските медиуми. Во 2015 година, Костадиновски е назначен на функцијата пратеник на Република Македонија во Алијансата на цивилизациите на Обединетите нации.
Д-р Осман Кадриу
Костадиновски и Кадриу треба да дојдат на местото на судијките Наташа Габер Дамјановска и Гзиме Старова, на кои мандатот им заврши во октомври годинава. Тие беа избрани за судии на Уставен на предлог на претседателот Бранко Црвенковски во 2008 година.
На дневен ред на оваа седница се уште 34 точки.