Воз се судри со училиштен автобус во Франција

Четири деца загинале,  а седум се тешко повредени во судирот на воз и училиштен автобус во Франција. Жртвите се на возраст од 11-15 години. Возот буквално го преполовил автобусот што поминувал преку крстосницата на шините. Сигналите биле исправни, а возот се движел со брзина од 80 км на час. Во евакуацијата на повредените учествувале хеликоптери. Претседателот Макрон изјави сочувство на семејствата на загинатите и вети темелна истрага за случајот.

Translate »