Лепа Брена има нова јахта која чини 900 000 евра
Новата супер луксузна јахта популарната Лепа Брена со сопругот Боба Живојиновиќ деновиве ја купува во Италија, од компанијата „Азимут“ која спаѓа во редот на најдобрите производители на луксузни јахти.
Боба и Лепа Брена неодамна биле на саем на наутика во Италија, каде им се допаднал моделот „Азимут с-26“ . Оваа јахта е долга 26 метри и широка околу шест метри. Има четири кабини и осум кревети, и уште две кабини со по еден кревет за членовите на екипажот.
Јахтата има комплетно опремена модерна кујна и домашно кино опремено со најсовременото озвучување, раскажале нивните пријатели.
Јахтата чини 900 000 евра. Но, најпрво ќе ја продадат старата за “ситни“ сто илјади евра.
Ентериерот го дизајнирал Карло Галеаци, а надворешниот дизајн е на Стефано Ринини. Максималната брзина и е 77 км на час. Oпремена е со најсовремен систем за навигација.
На новата јахта најмногу се израдуваа синовите Виктор и Стефан, кои уште од сега планираат на неа да прават незаборавни викенд-забави. Но, Лепа Брена вели дека таквите лудории нема да им ги дозволи, дека нема намера после тоа да фрла пари за оштетениот скапоцен мебел, кој ќе се уништи од цигарите и алкохолот.