Пијан човек се заканувал дека ќе фрли бебе од трети кат (ВИДЕО)
Руски полицаец се качил на балкон низ прозорецот на соседниот стан за да спаси петмесечно девојче од нејзиниот татко кој во алкохолизирана состојба се заканувал дека ќе ја фрли од трети кат.
Страшниот случај на семејно насилство кој за среќа минал без жртви се случил во градот Саранск, 500 километри источно од Москва.
Полицијата била повикана на местото на настанот откако бил забележан пијаниот татко како се заканува дека ќе ја фрли својата петмесечна ќерка од балконот. Дури мафтал со неа држејќи ја за нозете.
В #Саранск‘е полицейские спасли малыша, которого отец намеревался сбросить с третьего этажа. Рискуя жизнью, Участковый Василий Мартынов по карнизу приблизился к злоумышленнику, втолкнул его в помещение и спас грудную девочкуhttps://13.xn--b1aew.xn--p1ai/news/item/1798411913.мвд.рф/news/item/1798 …#новости #полиция #Видео1518:40 AM – Aug 20, 2019Twitter Ads info and privacy66 people are talking about this
Полицајците супеале да му се прикрадат на мажот од балконот на соседниот стан, по што лидерот на акцијата успеал да влезе во неговиот стан и да го оневозможи во намерата.
Утврдено е дека станува збор за 38-годишник со полициско досие кој претходно истиот ден ја нападнал мајката на детето и ја исфрлил од станот облиена со крв, јавуваат руските медиуми. Кликнете на линкот да ја видите целата драма