На што најпознатите фудбалери како Ибрахимовиќ, Роналдо, Салах, Ноер, Меси го трошат своето богатство?

Најплатен играч во светот е Кристијано Роналдо кој заработува 31 милион евра по сезона, а потоа следува Герет Бејл, па Лионел Меси, а потоа Златан Ибрахимовиќ со 7 милиони евра по сезона.

Парите дефинитивно ги трошат на вили, автомобили и луксуз. Богатството го трошат и на накит, брендирана облека, а најмногу на луксузни часовници кои чинат цело богатство.

Додека Нејмар Јуниор поседува куќа во близина на Версајскиот дворец, Давид де Хеа купи вила во Шпанија.

Покрај луксузните куќи, фудбалерите сакаат и луксузни автомобили. Најпознатиот светски голман, Мануел Нојер си купил Audi RS6 Avant кој чини над 101 илјада фунти, додека Марио Балотели вози Бентли кој го чинел околу 172.019 фунти. Златан Ибрахимовиќ црквата во Стокхолм ја нарекува свој имот. Тој има план една зграда да ја претвори во станови и со тоа да инвестира во својот пензиски фонд.

Се шпекулира дека фудбалерот Дидие Дрогба купил златен рудник од 52.343.530 фунти во обид паметно да ги вложи своите пари. Вејн Руни сака тркачки коњи и на својата сопруга и подарил коњ од 103.187 фунти.

Но, не сите фудбалери мислат само на себе. Има и такви кои даваат големо богатство во добротворни цели. Еден од нив е Филфрид Заха кој донирал 10% од својата месечна заработка во добротворни цели. Почна да донира од првата заработена плата како професионален фудбалер. Најголем дел од неговите донации одат во сиропиталишта.

Кристијано Роналдо важи за еден од најдобротворните фудбалери, а тоа го поткрепува и неговата голема донација од 89.000 фунти во 2013 година, која ја донира на Црвениот крст. Во 2014 година кога неговиот тим ја освои Лигата на шампионите, Роналдо доби бонус од 450.000 фунти кои фудбалерот ги даде директно во добротворни цели. Кога Индонезија ја погоди разорен земјотрес, Кристијано Роналдо реши лично да оди таму и да им помогне на луѓето бидејќи на вестите виде несреќно момче како седи среде урнатините, облечено во дрес на Кристијано Роналдо. Светска вест е онаа момчето кое се бореше со ракот во 2009 година. Роналдо го смести семејството во хотел, а лекувањето на детето го плати во приватен медицински центар една година. Момчето за жал почина во 2013 година.

Мохамед Салах е познат по тоа што има основано фондација која финансиски помогнала на околу 450 семејства. Кога египетската економија минуваше низ тежок период, Мохамед донираше 234.000 фунти на владата. По терористичкиот напад во Каиро во 2019 година, во кој беше уништен Националниот институт за рак, Мохамед донирал 2,5 милиони фунти од свој џеб за повторно воздигнување на Институтот.

Се чини дека зад раскошните животи на познатите фудбалери се крие топло срце.ФОТО: Instagram

Translate »