Пронашле мртов кит од 8 метри на сред шума: Научниците дошле да истражат како се нашол таму, а дури тогаш почнала големата мистерија
На брегот на Амазон, мештаните пред неколку дена забележале лешинари како кружат над мртов кит.
Тоа можеби немало да биде толку чудно ако не бил пронајден на копно, на околу 15 метри од реката.
Биолозите отишле на местото на настанот да истражат што точно се случило со овој цицач.
Кога пристигнале, една работа ги зачудила – китот воопшто немал видни рани.
Китот се насукал во текот на зимата, кога поплавите се почести, но мистеријата е поголема бидејќи китовите обично во оваа област може да се најдат во лето.
Утврдено било дека китот е стар околу една година, а бил долг околу 8 метри. Научниците земале примероци за да ја утврдат смртта на китот.
“Го откривме само бидејќи ги видовме лешинарите, китот беше скриен во шума”, навеле научниците.