Филипче: Предложивме полицискиот час за времето на викендот да почнува од 19 часот
Денеска се регистрирани 20 оздравени пациенти, вели министерот за здравство, Венко Филипче.
Има и еден починат пациент од Тетово на возраст од 61 година. Тој починал во болницата „8-ми Септември“.
Направени се 242 тестрирања во последните 24 часа и се потврдени се 14 нови случаи на Ковид 19.
Сега имаме 1.586 дијагностицирани од почетокот на епидемијата во Македонија.
„Предложивме полицискиот час за времето на викендот да почнува од 19 часот и трае до 5 часот следниот ден и тоа како предлог ќе го дадеме на седница на Владата, што ќе започне во 16 часот“, рече министерот.
Тој повика прекршителите да бидат санкционирани и да има резултати.
Филипче на верските лидери им порачал дека мора да се внимава и да нема групирања.
„Секое неодговорно однесување ќе не врати на почеток“, кажа Филипче.
Повика да се држи дистанца од најмалку 2 метри, да се носат маски, и да нема групирања.
Од ИВЗ велат дека намалувањето на бројот на заразени со Ковид-19 е добар услов за да донесат ваква одлука.