Професии со најголем раст на платите во март 2018
Државниот завод за статистика ги објави најновите податоци за движењето на просечната плата во Македонија од кои може да се види дека најголем пораст на платите во март, годинава имало во секторот вадење на други руди и камен каде просечната плата изнесува 34.284 денари што е зголемување за 46,2 отсто во однос на истиот месец минатата година.
На второ место е секторот производство на машини и уреди, неспомнати на друго место со плата од 31.512 денари што е зголемување за 35,5 отсто во однос на март, минатата година.
На третото место е секторот дејности на изнајмување и давање под закуп (лизинг) каде платата изнесувала 24.113 денари што е пораст за 27,5 отсто, а на четвртото место е секторот канцелариско-администратвни и помошни дејности и деловно- помошни дејности каде платата била 28.626 што е пораст за 24,2 отсто.
Секторот поправка на компјутери и предмети за лична употреба и за домаќинства е на петтото место според порастот со исплатена плата од 22.311 денари што е зголемување за 22,4 отсто.