Колку луѓе се невработени во земјава?

Стапката на невработеност во 2018 година изнесувала 20,7 проценти и е намалена во однос на 2017 година кога изнесувала 22,4 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Активното население во 2018 година изнесувало 957.623 лица, од кои вработени се 759. 054, а 198.569 лица се невработени.

Стапката на активност во овој период е 56,9, а стапката на вработеност 45,1 проценти.

Translate »