Милевски: Ковачевски ќе даде нова динамика во Владата
Генерално ние и после првиот круг на локалните избори кажавме дека ќе и дадеме шанса на Владата да се корегира, односно она што се зборува цело време дека Владата ги слушнала забелешките од граѓаните и ќе се корегира, им укажавме дека ова е последна корекција, бидејќи друга нема да имаме сите ние, бидејќи ќе дојдат парламентарни избори и граѓаните ќе дадат црвен картон, изјави за Утрински брифинг Горан Милевски претседател на ЛДП и министер за локална самоуправа.
Според него владата мора да работи одговорно.
-Со Ковачевски имав можност да се запознаам. Сме имале можност и во влада и во Собрание да се сретнеме. Динамичен е, има желба да сработи и мислам дека неговиот темперамент ќе даде една нова динамика во Владата. Во политиката мора да има одговорност. Многу работи ќе се размрдаат, вели Милевски.
Според лидерот на ЛДП, фокусот на новиот мандатар Ковачевски би бил кон решавањето на домашните прашања.
-Заев енергијата ја потроши на решавање на надворешно политичките прашања и сметан дека Ковачевски ќе се посвети на домашни прашања. Стабилноста на Владата зависи од испорачаните резултати, вели за УБ лидерот на ЛДП и министер за локална самоуправа Горан Милевски.