Испил 10 пива и не мокрел пред спиење, за време на ноќта му пукнал мочниот меур

Еден маж од Кина на потежок начин научил дека не треба да се воздржуваме од мокрење, пренесува „LADbible“.

Господин Ху (40) испил импресивни 10 шишиња пиво, а ниеднаш не мокрел, дури ниту пред да заспие.

Се разбудил со интензивни болки во стомакот, а кога стигнал во болница, се покажало дека мочниот меур му пукнал на три места.

LADbible“ пренесува дека Ху до доаѓањето во болницата „People’s Hospital“, во кинескиот град Жеџаинг, не се отрезнил целосно.

Лекарите откриле дека пукањето на мочниот меур за него било речиси фатално, бидејќи дел од тенкото црево му влеголо во меурот и дека веројатно би починал ако веднаш не дошол во болница.

Ху целосно се опоравил, но засега не е познато дали ќе има трајни последици.

Translate »