Корона жариште во уште една фабрика за месо во Германија: Нови проблеми во истата покраина…
Уште една фабрика за производство на месо во Германија стана жариште на коронавирусот и повторно станува збор за регионот Северна Рајна-Вестфалија.
Како што соопштија од округот Везел, во погонот за производство на кебап “Öztas Dönerproduktion GmbH & Co KG” во близина на Дуизбург, 17 од 275 вработени се позитивни на коронавирус. Заразените веќе се во карантин, а исто така уште 43 работници како мерка на претпазливост.
Во средата беа тестирани сите работници од погонот за производството, а резултатите засега не се објавени. Погонот веднаш бил привремено затворен.
Помал број на вработени, меѓутоа, и во следните денови со почитување на мерките ќе продолжат со преработката на веќе испорачаното месо за да не се расипе, соопштија од фабриката, додавајќи дека таму владеат одлични хигиенски услови, пренесува „Билд“.
На почетокот на мај, ново жариште се појави во фабриката за пакување на месо “Westfleisch” во Кесфелд.
Да потсетиме, досега во Германија се регистрирани над 193 илјади заразени, а како последица на вирусот починаа над 9 илјади луѓе.