Мајстори нема ни за лек, сите сакаат да работат во администрација
Молери, водоинсталатери, монтери… Во Македонија има се помалку мајстори, иако за нив има постојано работа.
Дел од оние кои знаат добро да си ја работат својата работа веќе заминале во странство, бидејќи таму, мајсторските работи, се далку поплатени. Дел од оние кои останале тука, се премногу зафатени, па за да дојдеш до нив треба да закажуваш термин и да чекаш некогаш и со месеци.
На страната на Агенцијата за вработување, постојано се објавуваат огласи дека се бараат мајстори.
Ќе изумрат ли овие професии. Зошто младите не се одлучуваат да се занимаваат со ова?
Во последните неколку години Владата стана најголем работодавац, па така сите млади сакаат да работат во администрација, а никој не се одлучува да биде мајстор, и покрај тоа што ќе знае дека веднаш ќе го чека работа.
Овие професии се добро платени во странство, па затоа оние кои добро се обучени, и веќе заминале таму, за добра плата.