Планетата се топи: На Аљаска температури до 32 степени, Сибир во пламен, исчезнуваат глечери на Гренланд!
Кон крајот на месец јули дошло до најголемото топење на мразот на Гренланд, кога неколку милијарди тони вода се влеле во Атланскиот океан што автоматски довело до подигнување на светското ниво на морето.
Истовремено на Аљаска забележани се рекордни температури додека пак на Сибир има пожари, а огнот зафатил околу три милиони хектари шума. Големите последици од топлотниот бран се чувствуваат ширум Европа каде што во поголемиот дел од државите измерени се највисоки температури откако се вршат мерења.
Топењето на глечерите е директно предизвикано од топлата воздушна маса која до Гренланд дошла откако во Европа пристигнаа високите температури. Тоа го покажуваат и податоците со кои располага НАСА па затоа лесно може да се забележи колку многу температурата на воздухот била над просекот во однос на претходниот период. До овие податоци се дошло со примената на Годард системот за набљудување на Земјата (GEOS), а кој укажува на температури измерени на висина од 2 метри над земјата.
На неколку копнени инструменти кои вршат мерење и еден на метеоролошката станица која се наоѓа на највисокиот дел од централното подрачје на Гренланд, ретко може да се види скокот на температурата од 0 степени. На 30-ти јули се случило нешто неочекувано, температурата на тој дел од островот не само што ја достигнала споменатата температура туку и ја преминала истата.
За целата ситуација да биде уште подраматична, зголемувањето било за 11 часа. Тоа е речиси двојно повеќе во однос на последното големо топење во месец јули 2012-та година. Високите температури доведуваат до тоа што водата која се создава со топењето на мразот се концентрира на површината на ледената покривка. Тоа го прикажува и фотографијата која НАСА ја направила на 30-ти јули на северозападен Гренланд, на самиот раб од ледената покривка. Топењето во текот на летните месеци на периферијата е вообичаено.
Сепак, тешко дека истото може да се тврди и за топењето на површината која зазема речиси милион километри квадратни од ледената покривка како што се случило во текот на 30-ти и 31-ви јули во 2012-та година. Една од причините за ваквата состојба може да биде и невообичаеното струење на топлата воздушна маса која оваа година дошла од истокот наместо од западот.
Со високиот воздушен притисок кој поминал преку Аљаска во јуни 2019-та година бил поттикнат топлотниот бран со невиден интензитет. Температурите кои во некои делови од Аљаска достигнале 26 па дури и 32 степени според Целзиусовата скала, срушиле повеќе температурни рекорди досега. На Денот на независноста во Енкориџ температурата достигнала 32 степени, додек пак највисоко забележана температура до тогаш била 29 степени. Енкориџ има највисоки дневни температури уште од 1952-та година.
200 billion tonnes of water were lost in a single month.
Learn more about how climate change is affecting Greenland’s ice sheet: https://wef.ch/31eRLnC #environment #nature4118:00 PM – Aug 5, 2019Twitter Ads info and privacy498 people are talking about this
Жештините се необични и по должината на траење. Во Енкориџ забележана е температура од 26 степени шест денови по ред, додека вообичаената температура за јули е 18 степени целзиусови. Мапата го прикажува температурниот воздух на висина од два метри над тлото на осми јули 2019-та година. Најтемно означените подрачја се оние на кои температурата е околу 32 степени. Во многу делови од Ањаска температурата е проследена и со густ чад. Пожари предизвикани од удар од гром во подрачјето околу Фербенкс горат од 21-ви јуни 2019-та. Пожарите се прошириле и јужно од Којук во природниот резерват на петти јули. Пожарите вообичаено се најинтензивни попладне кога температурите се највисоки.
Метеоролозите во Фербенск изјавиле дека видливоста паднала на 1.600 метри поради чадот, а сензорите за квалитет на воздухот во градот забележале нагло растење на концентрацијата на честичките во воздухот. На фотографијата која ја направила „Станица Тулик“ се гледа дека чадот го замаглува сонцето кај реката Чен во Фербенкс. До деветти јули на Аљаска забележани се 38 големи пожари кои вкупно зафатиле површина од 280.000 хектари – околу 52 отсто од целокупната површина која изгорела во САД во текот на 2019-та година.
Европа се бори со незапомнет топлотен бран кој забележува рекордни топли температури во три земји и веќе се поврзува со пет смртни случаи. Жештината ја уништува северна и западна Европа со температурите кои веќе ги забележаа своите рекорди во Германија, Белгија и Холандија само еден месец подоцна откако уште еден голем топлотен бран го погоди континентот. Во Холандија најголемата температура била во Ајндховен каде што биле измерени 39.3 степени.
Поголемиот дел од земјите се во портокалова фаза. Во Германија живата минатата недела достигнала 41.5 степени, додека пак во Франција измерени се 42.6 степени. Минатиот вторник во Бордо забележана била температура од 41.2 степени и со тоа во овој град срушен е рекордот од 2003-та година кога температурата била 40.7 степени.
Во Белгија како и во многу делови во западна Европа во четвртокот забележани се рекордни температури од 41.8 степени и тоа во местото Бегејнендејк на 30 километри источно од Брисел. Шпанија и Португалија се борат со пожари како што температурите растат, а Италија предупредила за можни пожари. Луксембург, Италија и Шведска исто така се соочуваат со температури повисоки од 30 степени.