Груевски ќе се жали во Стразбур
Поранешниот премиер Никола Груевски, како и неговите доскорашни соработници, обвинети во предметите на СЈО, од неодамна спасот го бараат во Судот за човекови права во Стразбур.
Според адвокатите на обвинетите тие од март поднеле неколку жалби, од кои пет веќе биле прифатени од судот во Стразбур. Од Стразбур, за Макфакс потврдиле дека има жалби од Македонија за предмети на СЈО но без детали кога истите ќе се анализираат.
Неофицијално, една од жалбите се однесува на одлуката, бомбите да бидат доказ во судските постапки./Макфакс