Во Хрватска девет лица починаа од грип

Хрватска по епидемијата на грип е трета во Европа со оклу 8.500 заразени лица, додека на прво место е Велика Британија.

Од грип во Хрватска до сега починаа девет лица, а се уште се чекаат официјални резултати за два смртни случаи во Сплит, изјави директорот на Хрватскиот завод за јавно здравство Крунослав Цапак.Хрватска по епидемијата на грип е трета во Европа со оклу 8.500 заразени лица, додека на прво место е Велика Британија.

Хрватскиот министер за здравство Милан Кујнџиќ изјави дека епидемијата на грип  во Хрватска го достигнала врвот и ги замоли граѓаните да избегнуваат затворени простории со многу луѓе.

Translate »