Нема исправни велосипеди за изнајмување

По седум години по ред, проектот за изнајмување на велосипеди на Град Скопје е во прекин, поради нивна неисправност, а во амортизирана состојба се и електромобилите и електровелосипедите, пишува Пост.

Неофицијално, речиси да не останал исправен велосипед од стотината што го сочинуваа возниот парк, па тоа било причината за доцнење на проектот. Во подобра состојба не биле ниту електромобилите и електровелосипедите. Наводно, целиот возен парк сѐ уште се сервисира и допрва ќе се утврдува точната бројка на исправни велосипеди што ќе можат да се понудат на користење.

Инаку, јавна тајна изминативе години беше дека проектот е нерентабилен и дека претпријатието мака мачи со покривање на трошоците за одржување на возниот парк, бидејќи сѐ почесто граѓаните ги враќале велосипедите неисправни, па дури и десетици беа украдени.

Translate »