Нова средба на Димитров и Коѕијас во Виена
Министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, идната недела, на 25 април ќе имаат нова средба со посредникот Метју Нимиц во Виена, објавија грчките медиуми.
Иако Коѕијас за време на раговорите во Охрид најави дека наредната средба ќе биде на 3/4 мај, најверојтно во Солун, грчки извори велат дека оваа во Виена веројатно е иницирана од Нимиц, но не исклучиваат дека по неа ќе следи и онаа што беше планирана.
Според извори во Атина, клучна ќе биде средбата во Софија за време на самитот на ЕУ во мај.