ГРК СТАНА НОВИОТ ЏОРЏ ФЛОЈД: ПОЛИЦИЈАТА ВО ЊУЈОРК ГО ПРЕТЕПАЛА ДО СМРТ, ЗАД СЕТО ТОА СЕ КРИЕ ТАЈНА ПРИКАЗНА (ВИДЕО)
Јоргос Запантис (29), државјанин на Грција, стана новиот Џорџ Флојд откако почина во Њујорк, бидејќи полицијата употребила прекумерна сила за време на неговото апсење. Младиот човек, кој страдал од биполарно растројство, бил шокиран со тејзер до смрт затоа што се облекол како самурај.
Соседите кои повикале полиција извикувале „браво“ додека полицијата се иживувала со младичот. Според „Прототема“, тие непрестано го шокирале со тејзер додека младичот извикувал дека не може да дише. Наместо да престанат со употреба на сила, полицајците му викале: „Немој да се фолираш и да играш на таа карта“.
Се започнало кога еден сосед ја повикал полицијата и рекол дека човек се шета со пиштол. Наскоро, четворица полицајци излегле на терен и со употреба на прекумерна сила го довеле до смрт Запантис. Оние што го познавале велат дека тој бил мирен и повлечен млад човек, кој страдал од биполарно растројство. Живеел во Квинс со својата мајка и сестра кои страдаат од Даунов синдром. Семејството тврди дека полицијата била повикана од сосед кој го злоставувал Запантис.
Полицијата пристигнала во станот на Запантис околу 21:30 часот и го виделе како е облечен во костум на гладијатор и држи самурајски меч. Полицијата му рекла да го фрли мечот, тој не послушал, а насобраните на полицајци им кажале дека станува збор за млад човек со психијатриски проблеми. Иако Запантис не ги напаѓал, тие извадиле тејзери и почнале да го мачат. Додека полицијата го тепала и го шокирала со тејзер несреќниот Грк, соседот извикувал: „Браво!“.
Потоа го извлекле пред куќата и продолжиле да му стават лисици. Таму, Запантис изгубил свест и починал на патот кон болницата.
Соседите на Јоргос, Рики Нобл и неговата ќерка Шакира велат дека Запантис бил мирен и повлечен млад човек кој редовно одел во црква и кого сите го сакале во крајот. Тие рекле дека Јоргос не се заканувал никому со меч и дека не им е јасно зошто другите комшии повикале полиција. Покрај тоа, на видеото каде е приведен се покажува дека Јоргос не е вооружен.
– Говорел дека не може да дише, тие му ја соблекле маичката и му викале, му рекле да не „игра на таа карта и дека не го дават“ – вели потресената Шакира.
Мајката на Јоргос, Атанасија вели дека не може да верува дека нејзиниот син повеќе го нема.
– Тој требаше да оди на работа утре, а јас морав да се јавам кај работодавачот и да му кажам дека нема да се врати. Плачам затоа што не бев со мојот син во последните моменти. Плачам затоа што почина на таков брутален начин. Тој почина без причина – вели Атанасија.