Села: Бугарија има територијални претензии кон Македонија!

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, смета дека Бугарија со негирањето на Македонците како посебен народ со свој јазик покажува територијални претензии кон Македонија.

„Темата што ја отвори Бугарија во последно време, со неприфаќање на македонскиот идентитет и јазик, од моја гледна точка, тоа што не се кажува во овој случај е дека Бугарија и понатаму има територијални претензии кон Македонија“, изјави тој за ТВ 21.

Според првиот човек на опозициската партија од албанскиот политички блок, спорот меѓу Скопје и Софија во основа го содржи прашањето за неколку историски ликови, но проблемот е поголем од тоа, а албанскиот политички фактор воопшто не учествува на теми од ваква важност.

Translate »