Искористени пелени и шишиња урина била причината поради која беше евакуирана зградата во Аеродром

Евакуацијата на зградата во Аеродром била поради нехигиена. Дел од присутните лица пред зградата од каде беа евакуирани изјавија дека причината  за тоа е нехигиена во еден од становите.

Тие забележале повеќе употребувани пелени со измет, а пак, под скалите во зградата каде престојувал бездомник имало 10-ина шишиња со урина.

Неофицијално, мирисот е од амонијак. Станарите се веќе шест часа пред своите домови, а истовремено, полицијата, Противпожарна екипа и брза помош се на терен. Според информациите, се чекаат да пристигнат екипи за дезинфекција.

Жителите од зграда на улицата Кузман Јосифовски – Питу, број 15, во скопската населба Аеродром, кај „Мезе бар“, беа евакуирани по пријава дека во влезот почувствувале силна миризба и печење на очите.

Translate »