Видео: Авиокомпанијата ја избрка од работа, откако момчето ја запроси во авион
Иако стјуардесата изјавила дека навистина немала идеја дека нејзиниот партнер ќе ја запроси за време на летот, 4 месеци подоцна сепак била казнета.
Една стјуардеса што работела за авиокомпанијата „China Eastern Airlines“ е избркана од работа затоа што момчето ја запросило за време на лет пред 4 месеци.
Нејзиното момче тогаш клекна на колена додека таа беше на работа, таа го прифати предлогот, еден патник го сними сето тоа, а нивното видео вирално се прошири во месец мај.
Одговорните од компанијата уште тогаш биле лути штом слетала на земјата, а причината била што со запросувањето ги вознемирила патниците и ја занемарила нивната безбедност за време на летот. Романтичното однесување требало да биде задржано за во друга пригода и било оценето како екстремно неодговорно.
Авиокомпанијата 4 месеци подоцна ја избрка стјуардесата од работа со тоа оправдување. Потегот беше осуден од страна на јавноста, а нивната одлука проценета како смешна.
Некои луѓе го изразија своето незадоволство на Твитер: