Четири девојки доживеале несреќа откако се сликале на мост
Во Бразил се случила вистинска катастрофа откако четири девојки одлучиле да прошетаат по стариот железнички мост и да направат селфи фотографија. Следниот момент се случила вистинска катастрофа, мостот пропаднал и тие паднале од висина од 30 метри.
Девојките биле на возраст од 15, 22 и 26 години. Тие претрпеле повеќе повреди меѓу кои и скршеници на нозете, а на едната ѝбило скршено и стапалото.
Како што се наведува во извештаите, стариот железнички мост се срушил додека девојките се обидувале да се фотографираат. Локалните медиуми објавиле нивна фотографија која била направена непосредно пред катастрофата.
На неа се гледаат три девојки кои позираат на врвот од неупотреблив железнички мост и четвртата која ја држи камерата и го забележува моментот со фотографија.
-Мостот се користи како пруга, младите девојки пропаднале, но за среќа преживеале, благодарејќи на службата за итни случаеви – истакнал локалниот полицаец Марсело Фреитас.