Вработена на Токсикологија физички нападната
Вработена на скопска Токсикологија била нападната околу 3 часот додека била на работа.
Вработената која имала 38 години пријавила дека истиот ден околу 02.30 часот во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, во Одделот за токсикологија, додека работела, била физички нападната од едно лице.
МВР работи на расчистување на случајот.