Врховниот суд во Атина ќе одлучува за Грујевски и Бошковски

 

Врховниот суд во Атина треба да ја разгледа и да донесе конечна одлука за екстрадицијата на поранешните разузнавачи на УБК Горан Грујевски и Никола Бошковски во Македонија. Нивните адвокати поднесоа жалба на одлуката на судот во Солун за нивна екстрадиција.

Дотогаш, Бошковски и Грујевски ќе бидат во затвор близу Солун, каде се во екстрадициски притвор речеси три месеци. Тие се обвинети од Специјалното јавно обвинителство за нелегално прислушување и за уништување на опрема за прислушување.

Translate »