Печен ослич за Бадник
Ослич на трпезата за Бадник е одличен избор, а рецептов е веќе проверен од многу домаќинки.
- 500 грама ослич филети
- 5 моркови
- 3 тиквици (доколку имате)
- маслиново масло (половина шоља за кафе)
- магдонос (една полна дланка)
- 2 чешниња лук ( може и повеќе од две)
- сол,
- вегета
- црн бибер
- 3 ловорови листа
Подготовка:
Во една шоља измешајте го исечканиот лук, магдонос и маслоновото масло и наросете црн бибер.
Исечкајте ги морковите и тиквиците на тенки кругови. Посолете ги и ставете ги во тава за печење. Врз нив ставете ги филетите од ослич , кои предходно ќе ги зачините со малку сол или вегета. Посипете со 150 милилитри вода.
Филетите премачкајте ги со предходно направената смеса од лук, магдонос и малиново масло.
Покријте го садот за печење со фолија за печење и печете во загреана рерна на 180 степени, половина час.
Отворете ја фолијата доколку сакате филетите да бидат покрцкави и печете уште 15 минути.